About EHEDG

Добредојдовте во EHEDG

Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн - ЕГХИД (European Hygienic Engineering & Design Group - EHEDG) е основана во 1989 година како непрофитен козорциум на производители на опрема за прехранбена индуструја, производители на прехранбени производи, добавувачи во прехранбената индустрија, истражувачки институти и универзитети, организации за јавно здравје и владини организации.


Основната цел на EHEDG е промоција на безбедноста на храната преку подобрување на хигиенското инженерство и дизајн во сите аспекти на прозводството на прехранбени производи.


EHEDG дава активна поддршка на Европското законодавство кое бара: ракувањето, подготовката, преработката и пакувањето на храната да се врши на хигиенски начин и со помош на хигиенски дизајнирани машини и опрема во хигиенски дизајнирани објекти споед барањата на ЕУ Директивата за безбедност на храна и Директивата за материјали што доаѓаат во контакт со прехранбените производи (види EC Директива 2006/42/EC за машини, EN 1672-2 и EN ISO 14159 за Хигинески барања за дизајн на машини).


Производителите на опрема за прехранбена индустрија и крајните корисници (производителите на храна) се одговорни за имплементација на овие барања, а EHEDG им дава насоки за есенцијалните стандарди за хигиенски дизајн кои се во сообразност со националното и меѓународното законодавство.

Мисијата на EHEDG е дефинирана на сладниов начин:

„Од позиција на авторитет за хигиенско инженерство и дизајн, EHEDG овозможува производство на безбедна храна преку давање на соодветни насоки“.