Задачи и Цели

EHEDG обезбедува балансиран форум помеѓу производителите на опрема за прехранбената индустрија, производителите на прехранбени производи и законодавните тела, каде тие може да дискутираат за сите прашања поврзани со хигиенскиот дизајн и со тоа ги стимулираат квалитетот и безбедноста на храната преку:

  • Идентификација на области каде постојат недоволни знаења за хигиенскиот дизајн.
  • Исполнување на постоечките празнини во знаењата за хигиенски дизајн преку издавање на практични водичи и едукација.
  • Нудење на експертиза, вмрежување и понатамошен развој во областите на хигиенско инженерство и дизајн и производство на безбедна храна.
  • Подготовка на научни и технички водичи за сите аспекти на најновите барања на ЕУ легислативата за хигиенски дизајн.
  • Развој на тест методи со цел да се идентификуваат и намалат опасностите со потекло од опремата што се употребува при производство на храна.
  • Одржување на тренинзи, семинари и работилници.
  • Зајакнување на учеството во телата за стандардизација како што се: CEN, ISO, DIN, JIS, 3-A, NSF итн.
  • Зајакнување на соработката со ЕУ (на пр.: за материјалите што доаѓаат во контакт со прехранбените производи, најдобите достапни техники - BAT, следливост и други ЕУ закони и проекти), како и со други организации.
  • Охрабрување на истражувањата и развојот во областа на хигиенското инженерство и дизајн.
  • Промоција и дисеминација на знаењата за хигиенски дизајн преку сите дигитални и печатени медиуми, конгреси, семинари и други типови на настани на меѓународно и локално ниво.
  • Давање сигурност дека името и логото на EHEDG правилно се користат.