Ordering Guidelines
EHEDG & 3-A

 

Хармонизација на водичите на EHEDG и 3-A standards

Работејќи на подобрувањето на безбедноста на храната преку промоција на хигиената во производството и преработката на храната, EHEDG и организација 3-A Sanitary Standards од САД имаат многу заеднички цели и слична мисија. И двете организации ги разменуваат своите нацрт водичи и стандарди кои се разгледуваат и коментираат пред да се објават. Последното издание на EHEDG речникот е развиено во соработка со 3-A и може да се преземе од секцијата Бесплатни документи.

Матрикс

Содржината на сите EHEDG водичи се вкрстува со истата на 3-A Standards Inc. и истата се сумира во  матрикс слободен за преземање  (XLS).

Бесплатни документи

Работните групи на EHEDG досега објавија многу различни документи што може бесплатно да се преземат. Такви документи се на пример: Писмото за намери, и документот 8 за основните критериуми за хигиенски дизајн.

Повеќе информации.

Преземање и информации за нарачка

  • Компаниите и институтите членки на EHEDG имаат пристап до сите водичи на сите јазици и после логирањето можат бесплатно да ги преземат (во PDF верзија). За сите детали за логирање за вашата команија или институт, обратете се до EHEDG Секретаријатот.
    • Индивидуалните членови на EHEDG при купување на водичи од Webshop имаат попуст од 50%, односно ќе платат 59,50 евра по документ. Сите податоци за членовите на EHEDG се чуваат во системот за купување и попустот автоматски ќе се пресмета после одјавување од системот.

    • Индивидуите кои не се членови на EHEDG може да нарачаат водичи од Webshop, но цената е без попуст, односно изнесува 119 евра по документ.

    ЗАБЕЛЕШКА: Строго е забранета каква било репродукција или понатамошна дистрибуција на водичите на EHEDG! Сите документи, без оглед дали се преземени или купени се наменети за ексклузивна употреба на членовите на EHEDG, односно на купувачот.

     

    EHEDG Guideline-Webshop at VDMA