Guideline Development
EHEDG & 3-A

 

Хармонизација на водичите на EHEDG и 3-A standards

Работејќи на подобрувањето на безбедноста на храната преку промоција на хигиената во производството и преработката на храната, EHEDG и организација 3-A Sanitary Standards од САД имаат многу заеднички цели и слична мисија. И двете организации ги разменуваат своите нацрт водичи и стандарди кои се разгледуваат и коментираат пред да се објават. Последното издание на EHEDG речникот е развиено во соработка со 3-A и може да се преземе од секцијата Бесплатни документи.

Матрикс

Содржината на сите EHEDG водичи се вкрстува со истата на 3-A Standards Inc. и истата се сумира во  матрикс слободен за преземање  (XLS).

Бесплатни документи

Работните групи на EHEDG досега објавија многу различни документи што може бесплатно да се преземат. Такви документи се на пример: Писмото за намери, и документот 8 за основните критериуми за хигиенски дизајн.

Повеќе информации.

Изготвување на водичи

Во изготвувањето на EHEDG водичите учествуваат преку 400 активни експерти, членови на нашите Работни Групи кои се збир на знаења на претставници на прехранбената индустрија, производителите на опрема за прехранбена индустрија и академските знаења. При изработка на нацрт верзија или при ажурирање на EHEDG водичите, ко-авторите на водичите ги споделуваат своите знаења со други експерти, со што на крајот се добива водич кој на своите читатели им дава практични упатства.

Кога ќе идентификуваат интересна тема за определена индустрија, сите членови на EHEDG имаат право на  Секретаријатот да му пратат предлог за нов водич или предлог за ревизија на водич (PDF). Предложената тема се разгледува и одобрува од страна на Поткомитетот за Портфолио на продукти и од Извршниот Одбор на EHEDG.

По прифаќањето на предлогот, започнува процес на изготвување на документот (PDF) и се формира Работна Група при што се избира главен автор (Претседавач) и членови на групата кои се избираат по јавниот повик за експерти, а според бараната експертиза.

За повеќе детали околу изготвувањето на EHEDG водичи и за тоа кои наслови се во изработка, ве молиме да видите под Работни Групи.