За EHEDG

Компаниско членство


EHEDG изразува голема благодарност на поддршката за континуираната поддршка од страна на своите членки компании и институти, кои имаат есенцијална улога во напорите да се постигнат долгорочните цели за производство на безбедна храна со помош на превенција на хигиенските проблеми, односно со примената на хигиенското инженерство. Овие компании и организации се посветени кон постигнување на највисоките стандарди за безбедност на храната и се стремат да го подобрат имиџот на индустријата во очите на потрошувачите. Употребата на EHEDG компаниското лого е доказ за нивната посветеност.

Преку мрежата на EHEDG компаниите можат да ги промовираат своите ставови и тоа само ако се во насока на поддршка на целите на EHEDG и со тоа можат да влијаат врз новите трендови и за нивните напори да се здобијат со меѓународно признание.

Придобивки:

  • Компаниите членки се авторизирани да го употребуваат EHEDG логото за компаниско членство и тоа под однапред договорени услови. Важно е да се знае дека логото не смее да се употребува на начин што погрешно ќе ја имплицира сертификацијата на EHEDG
  • Компаниите на почетокот можат да назначат најмалку еден и најмногу четири контакт лица. Подоцна можат да наведат и дополнителни лица кои ќе бидат активни или кореспондентни членови на Работните Групи или ќе земат активно учество во работата на Регионалните Секции на EHEDG
  • Објавување на компаниското лого и името на компанијата на интернет страницата на EHEDG, на програми од конференции, брошури, итн
  • Хиперлинк од интернет страницата на EHEDG до интернет страницата на својата компанија
  • Целата серија на водичи на EHEDG на сите јазици, вклучувајќи ги и ажурураните верзии, можат да ја преземаат бесплатно
  • Попуст или ослободување од котизација на настаните што се спонзорирани од EHEDG
  • Попуст за тренинзите на EHEDG

Цената за компаниско членство во EHEDG се базира врз годишниот обрт на делот од бизнисот што е поврзан со храната и се движи од 500 до 10.000 евра.

Типови на компаниско членство и цена на членство за една година:

 

Годишен обрт поврзан со
храна во евра
Цена на членство
во евра
Број на членови
преку 500 милиони10,0004
50 до 500 милиони5,0002
10 до 50 милиони2,5001
1 до 10 милиони1,0001
Помалку од 1 милион5001
*
p.a.
*
Title
First name *
Last name *

Company *

Postal code
Address
City *
Country *

is the same as above
differs from the above






Telephone *

Fax
E-mail *
Web site


Other free staff members (full names):
(Additional staff members can be listed as of an annual contribution of € 5,000.00 and higher)








*
only name and company
all contact data

Please generate a password for the internal member area on the EHEDG website.


Password *
Repeat Password *

Thank you for helping us in keeping your contact details up to date.


All corporate and personal data will be treated confidentially. Fields marked by * to be filled in mandatory.

Услови на членство

Минималното траење на членството во EHEDG е една година. Членството ќе биде автоматски продолжувано секоја година, освен во случај ако не се откаже пред 30 септември во тековната година, при што членството ќе истече на 31 декември во тековната година. Ако откажувањето на членството е после 30 септември, членарината ќе се наплати и за следната година. Следната фактура ќе се издаде во текот на првата четвртина на следната година.