За EHEDG

Индивидуално членство

За новите членови заинтерсирани за знаењата на EHEDG, како и за студентите, пензионерите или за индивидуалните консултанти се препорачува индивидуално членство во EHEDG. Индивидуалното членство може да се смета и како почетна точка за носителите на одлуки кои подоцна би сакале да станат компаниски членки, а нивното членство може во секое време да се промени.

Во зависност од своите интереси и експертиза, индивидуалните членови на EHEDG можат да аплицираат за активно членство во Работните Групи на EHEDG и со своите знаења да придонесат во развој и пишување на водичи работејќи како дел од тим со други експерти. 

Членството во Работните Групи (РГ) е отворено за сите експерти со респектабилно искуство, при што тука е вклучено и присуство на состаноците и пристапот до внатрешните интернет документи на Работните Групи каде учествуваат. Ако сте заинтересирани за учество во добрата работа на разните тимови на експерти, ве молиме контактирајте го Секретаријатот на на EHEDG. Претседавачите на Работните Групи решаваат за тоа дали Работната Група е комплетна со на пример: бараната експертиза и баланс на земји и интереси итн. Членовите на работната Група се признаваат како ко-автори на изработениот документ.

Алтернативно, индивидуалните членови можат да аплицираат за кореспондентно членство во Работната Група, при што ќе примаат записници и секаква новост за напредок на документите, со можност да даваат коментари на нацрт документите.

Сите индивидуални членови примаат:

  • Општи информации и новости за EHEDG
  • Попуст за членство за одбрани публикации и настани
  • 50% попуст при купување на водичи на EHEDG 
  • Можност да се придружат на Регионалните секции и да учествуваат во нивните активности

Цената за индивидуално членство е 100 евра (без ДДВ). Оваа цена се смета за минимална годишна сума која ќе биде наплатена по примање на апликацијата, без оглед на тоа на која дата таа е доставена. Следната фактура за индивидуално членство ќе се издава во првата четвртина во годината и ќе важи за целата календарска година. Членството ќе биде автоматски продолжувано секоја година, освен во случај ако не се откаже пред 30 септември во тековната година.

*
Working Party
Corresponding

Comments:
Title
First name *
Last name *

Company *

Postal code
Address
City *
Country *
*
is the same as above
differs from the above






Telephone *

Fax
E-mail *
Web site

*
only name and company
all contact data

Please generate a password for the internal member area on the EHEDG website.


Password *
Repeat Password *

Thank you for helping us in keeping your contact details up to date.


All corporate and personal data will be treated confidentially. Fields marked by * to be filled in mandatory.

Услови на членство

Минималното траење на членството во EHEDG е една година. Членството ќе биде автоматски продолжувано секоја година, освен во случај ако не се откаже пред 30 септември во тековната година, при што членството ќе истече на 31 декември во тековната година. Ако откажувањето на членството е после 30 септември, членарината ќе се наплати и за следната година. Следната фактура ќе се издаде во текот на првата четвртина на следната година.