
Регионални Секции
Регионалните Секции се локални ограноци на EHEDG кои се создадени со цел да го промовираат хигиенското производство на храна преку сопствени активности и тоа во земјите од каде потекнуваат или на регионално ниво. EHEDG има Регионални Секции во различни земји, како во Европа така и на други континенти.
Во координација со Поткомитетот за Регионален развој, Регионалните Секции:
- ја промовираат мисијата на EHEDG и стимулираат членување во организацијата
- организираат настани, семинари и тренинзи
- преведуваат и дисеминираат EHEDG прирачници на сопствен јазик/ци
- ги промовираат EHEDG сертификацијата и тестирањето на опремата
- известуваат за нов развој на настани во регионот, кои може да имаат влијание врз производството на безбедна храна или врз подобрувањето на содржината на EHEDG прирачниците
- обезбедуваат повратни информации за локални настани и нов развој во областа на хигинскиот дизајн
- претставуваат советодавна точка за групите што подготвуваат закони и стандарди од оваа област
- претставуваат платформа за вмрежување на локалните експерти од областа на хигиенскиот дизајн.