Идни Секции

Со цел да се обезбеди одржлив географски развој, EHEDG применува јасни политики за одобрување на нови Регионални секции кои се базирани врз:

  • дефинирање на регионални приоритети на EHEDG
  • проценка на апликантите (на пр., карактеристики на регионот, големина на секторите за производство на храна и опрема за прехранбена индустрија, во какво својство се јавува апликантот, каква е неговата раководна структура, кој е претседавач, какви се ресурсите на организацијата итн.)
  • проценка, вклучувајќи ги критериумите за оценување (минимална граница, фази, интеракција со апликантот)
  • конечна одлука за прифаќање на нова Регионална Секција од страна на Извршниот Одбор на EHEDG, а по препорака на Поткомитетот за Регионален развој.

По успешно поминување на погоре наведените постапки, новата Регионална Секција се официјализира со потпишување на договор со EHEDG (според Правилникот за Регионални Секции).

EHEDG може и да обезбеди првични средства при воспоставување на нови Регионални Секции.

Нови Регионални Секции во фаза на формирање во моментов се:

  • Австралија
  • Канада
  • Чиле
  • Колумбија
  • Египет
  • Грција
  • Унгарија
  • Индонезија
  • Малезија
  • Мароко
  • Перу
  • Португалија
  • Тунис

Локалните експерти се многу посветени на мисијата на EHEDG и на ширењето и дисеминацијата на знаењата на EHEDG во нивните земји.

Преземи ја листата за информации и проценка за нови Регионални Секции (PDF).