Traning and Education

Тестирање и сертификација

Тестирањето и сертификацијата на опремата се изведува во повеќе институти акредитирани од EHEDG кои работат според највисоките стандарди за квалитет. EHEDG сертификацијата постои за производителите чија цел е дизајнирање на опрема според највисоките хигиенски стандарди. Авторизираните институти на EHEDG нудат неколку типа на сертификација од што крајните придобивки се за производителите и добавувачите на опрема за прехранбена индустрија:

  • Производители на опрема:
    Нивната опрема може да е одобрена од авторизираните организации на EHEDG ако таа е во сообразност со критериумите на EHEDG. Во определени случаи, одобрувањето може да се издаде само после тестирање во лабораторија акредитирана од тело за нотификација, при што лабораторијата мора да ги користи тест методите на EHEDG.
  • Производители на прехранбени производи:
    Тие можат да изберат хигиенски дизајнирана опрема, но на крајот тие ќе мора да извршат валидација на истата, односно таа опрема е соодветна за својата намена.

 

EHEDG може да авторизира употреба на EHEDG лого од сертификацијата со датумот на издавање (месец + година). Сертификација значи и тестирање на опремата според класата и типот на сертификација.

 

EHEDG certification logo

EHEDG досега авторизирал неколку институти кои може да вршат сертификација и употреба на логото за сообразност со EHEDG. Тестирањето и сертификацијата се две независни активности и може да ги изведуваат две различни организации.

Работната Група на EHEDG за тест методи се состои од членките на авторизираните институти на EHEDG кои изведуваат тест методи на EHEDG, производители на опрема, преработувачи на прехранбени производи и лица од регулаторните организации. Целта на оваа група е да одржува и развива тест методи и шеми на проценка на опремата, со цел да се осигура производство на безбедна и квалитетна храна. Досега се објавени неколку водичи на EHEDG за различни тест методи. Истите постојано се ажурираат. Исто така, во развој се нови тест методи, како на пример оние за отворена опрема.