Traning and Education

Процедура на сертификација

Проценка

Секое парче на опрема (отворена и затворена) што се сертифицира, мора да се процени во еден од Авторизираните институти на EHEDG. Сите проценки вклучуваат „Проценка на дизајнот“ и за поголемиот дел на затворената опрема мора да се изведе тестирање на чистливоста според EHEDG док. 2. За преоценка на дизајнот, новиот примерок на опремата се споредува со официјалните нацрти што ги доставува производителот на опремата и соодветните водичи на EHEDG. На пример, пумпите се проценуваат дали се во сообразност со водичите на EHEDG бр. 8, 9, 10, 16, 17, 23, 25, 32 и 35. За време на проценката се мерат и верификуваат некои карактеристики на дизајнот како на пр.: рапавост на површината и внатрешните радиуси. По проценката на дизајнот, ако има отстапувања од водичите на EHEDG опремата можеби ќе добие препорака за редизајнирање. Некои отстапувања од критериумите на хигиенскиот дизајн може да се дозволат, но само ако за нив се процени дека се „технички неизбежни“, односно кои се неопходни за да може опремата правилно да функционира. По успешната проценка на дизајнот, отворената опрема може директно да се испрати за сертификација, но поголемиот дел од затворената опрема ќе мора да се тестира за чистливост и тоа според EHEDG док. 2. Само после успешното завршување на најмалку 3 CIP тестови, затворената опрема ќе може да се квалификува за сертификација.

Проценката и тестирањето на чистливоста за опремата што се чисти со течности (Тип EL) продолжува и тоа со чекори наведени во документот Процедура за проценка (PDF).

За типот ED, процедурата се базира само на проценка на дизајнот и тоа според чекори наведени во  Процедура за проценка (PDF).

Сертификација

Само опремата за која се смета дека е во сообразност со водичите на EHEDG, по проценката на дизајнот и CIP тестирањето (ако е соодветно од страна на  Авторизираниот тест институт на EHEDG  Само опремата за која се смета дека е во сообразност со водичите на EHEDG, по проценката на дизајнот и CIP тестирањето (ако е соодветно од страна на Авторизираниот тест институт на EHEDG може да се подложи на EHEDG сертификација. Пред да биде прифатена сертификацијата од страна на EHEDG, папката со документи за сертификација мора да ја комплетира еден од авторизираните тест и сертификациски институти, која потоа ја прегледува барем еден друг авторизиран институт. Со оглед на тоа дека во моментов не може да се тестираат отворената опрема и опремата што се чисти само со суво чистење, документите за нивна сертификација ги разгледуваат сите EHEDG авторизирани институти. По успешната проценка на документите за сертификација и прифаќањето на условите на EHEDG за употреба на логото, се издава „Сертификат за сообразност“ и опремата се вклучува во листата на сертифицирана опрема која се објавува на интернет страницата на EHEDG. За подобро разбирање на целиот процес, EHEDG објави документ во кој во детали е објаснета целата процедура за сертификација.

Дијаграм на текот на процедурата за сертификација
Серификат за сообразност

На сертификатот се прикажани: името, типот и големината на опремата, материјалите за заптивање што се тестирани (види ги забелешките подолу), компанијата произведувач, типот на сертификат на EHEDG со поткатегоријата, единствен референтен број на извештајот за проценка и тест институтот што вршел проценка, дата на издавање и дата на истекување на сертификатот.

Пример за сертификат (PDF) (PDF).

Забелешка - материјали употребени за изработка на заптивки:  Врз основа на искуството при тестирање и загриженоста за чистливоста на различни материјали за заптивање што се употребуваат во хигиенски дизајнираната опрема, EHEDG EL Класа I сертификатот, вклучува детали за материјалите што биле тестирани за време на сертифицирањето.

Забелешка - различни големини на опрема:  вообичаено тесторањето е барање за сите големини на еден тип на опрема, освен во случаи кога може да се демонстрира (на пр.: со моделирање на проток) дека стресот на ѕидовите и размената на флуид се еквивалентни или поголеми за сертификација на големини што не биле тестирани.

Договор за сертификација и употреба на „EHEDG сертифицираното лого“

EHEDG сертификацијата се базира врз договор помеѓу EHEDG и компанијата што бара сертификација на компонентата што ја произведува. Во овој договор се опишани сите детали за употребата на сертифицираното лого. Деталите за употреба на логото се опишани во анекс 2 на договорот. EHEDG сертифицираното лого вклучува дата (месец и година) кога сертификатот бил издаден. Сертификација на опремата може да се изведува само во еден од  Авторизираните институти на EHEDG за тестирање и сертификација.

Времетраење на сертификатот

За да се одржи сертификатот, постои процедура за негово годишно продолжување и процедура за обновување на сертификатот после 5 години од издавањето. Оваа процедура е опишана тука (PDF).

Годишно продолжување на сертификатот

The certificate must be renewed annually by the end of December. EHEDG will request confirmation from the certificate holder that the design of the certified equipment has not changed.

Initial fee for first issuance or renewal of a certificate (Fee includes the first annual prolongation following issuance or renewal.). The fee for annual prolongation of certificates is 150 EUR. For more information please see SCP 4-8 on Fees for Granting, Prolongation and Renewal of EHEDG Certificates.

If no changes have been made, the certificate is updated for the next period. If the certificate holder indicates that some changes have been made to the equipment in the past year, the AEO will request documentation of the changes and determine (optionally in collaboration with the WG Certification) whether these changes affect the validity of the certificate and require a new design review and/or CIP testing (which may require additional fees, determined by the reviewing AEO/ATL).

Обновување на сертификатот на 5 години

Документите за сертификација мора да се обновуваат на секои 5 години, а датата за тоа е 5 години од почетната дата на сертификација. Ако е неопходно при новата проценка на дизајнот ќе се изведе и повторно тестирање, а после авторизираниот институт ќе издаде нов сертификат со ажурирано лого. При процесот на обновување на сертификатот, предвид се земаат: секоја промена на EHEDG водичите, шемата за сертификација или тест процедура во изминатите 5 години. Цената за обновување на сертификатот ја определува тест институтот.
Тек на ре-сертификација (PDF).