
Сертификациона шема и класи
EHEDG пoнуди два главни типа за сертификација на опрема:
Тип EL за опрема што се чисти со течности
Тип ED за опрема што се чисти само со суво чистење
Критериумите за сертификација вклучуваат преглед на дизајнот според водичите на EHEDG, како и тестирање според тест методите на EHEDG (каде е соодветно).
Секој од сертификационите ТИПОВИ има поткатегории (класи), како што е прикажано подолу:
ТИП EL - Опрема што се чисти со течности
EL Класа I
Затворена опрема, со влажно чистење во место (CIP) без расклопување
EL Класа I AUX
Отворена опрема, со влажно чистење без расклопување
EL Класа II
Затворена и отворена опрема која за влажно чистење мора да се расклопи
EL Асептична класа I
Затворена опрема, со чистење во место (CIP) без расклопување, способна да се стерилизира со пареа и непропустлива за бактерии
EL Асептична класа II
Затворена опрема, која за влажно чистење мора да се расклопи, способна да се стерилизира со пареа и непропустлива за бактерии после склопувањето
ТИП ED - Опрема што се чисти само со суво чистење
ED Класа I
затворена опрема што се чисти само со суво чистење, без расклопување
ED Класа II
Затворена или отворена опрема што се чисти само со суво чистење и мора да се расклопи