Traning and Education
EHEDG Историја

Со оглед на тоа дека знаењата за хигиенски дизајн постојано еволуираат, во последниве години EHEDG издаде дополнителни водичи и идентификуваше нови критериуми за проценка, односно тестирање и сертификација. Од аспект на зачувување на безбедноста на храната, опремата што е во сообразност со најновите дизајн критериуми се смета за едниствено соодветна за инсталирање во фабриките за производство на прехранбени производи. Оттука, во 2014-та година EHEDG реши да го преразгледа целиот процес на сертификација и да воведе ревидирана сертификациска шема, како и да воведе нови барања за сертификција. Така, беше воведена нова сертификациска класа за опрема што се употребува во отворени процеси што се во близина на површините што доаѓаат во контакт со производот, односно за опрема што може да има потенцијално влијание врз површините што доаѓаат во контакт со производот и која може да се загади и ќе мора да биде чистена во место. Овие типови на према (на пример: пого на конвеери, визуелни сензори итн.) се новитети, категоризирани како Тип EL Класа I AUX за помошна опрема. Според дефинициите на EHEDG, постоечкиот Тип ED е поделен на две категории, односно на Тип ED Класа I (суво чистење без расклопување) и Тип ED Класа II (суво чистење со расклопување).

read more 2014
EHEDG Историја

Во 2009-та година, поради големиот интерес на индустријата за сертификација на други типови на компоненти, EHEDG ја ревидираше EL сертификациската шема и воведе неколку нови типови на сертификати. Според дефинициите за опрема, таа беше категоризирана како Класа I и Класа II, односно опремата беше поделена на: опрема што се чисти во место (Класа I) и опрема што поради чистење мора да се расклопи (Класа II). Уште во тоа време, опремата што имаше асептична апликација се сертифицираше као Тип EL Асептичен. Исто така, тогаш се креираше и специјален сертификат Тип ED и тоа за опрема што се чисти со суво чистење.

read more 2009
EHEDG Историја

Од 2000-та година, EHEDG воспостави EL сертификациска шема и тоа за опрема за управување со течности. EL сертификатот првенствено беше наменет за опрема што се чисти во место (CIP) и тоа без расклопување. Опремата се сертифицираше (а логото се ставаше на опремата) ако беше во сообразност со EHEDG документот бр. 8 за критериуми за хигиенски дизајн. Опремата се подложуваше на практично тестирање опишано во водичот бр. 2 со што се демонстрираше компензирањето на несообразноста од аспект на технички или функционални причини и соодветност за апликации за чистење во место. Исто така за EL сертификатот се бараше годишно продолжување и при тоа во него беше наведуван оригиналниот ден на сертификација. Во оваа оригинална сертификациска шема, датата прикажана на EL логото за секое сертифицирано парче на опремата, укажуваше на тоа дека опремата е во сообразност со EHEDG дизајнот и критериумите за проценка на таа дата која остануваше непроменета сй додека опремата не беше модифицирана.

read more 2000