Тренинг и едукација

Целни групи

Опис на целните групи за тренинг и нивните потреби

На основа на потребите за нивните функционални улоги и одговорности, идентификувани се следниве целни групи.

Основен EHEDG тренинг за хигиенски дизајн
Целни групи

Врвниот менаџмент, менаџерите од средно ниво, машинските инженери, конструкторите, планерите, проект менаџерите, менаџерите за продажба и набавка, процесните инженери, операторите, персоналот одговорен за обезбедување на квалитет и безбедност, луѓето што работат во телата за пропишување на закони од областа на квалитетот и безбедноста и инспекторите од следниве сектори:

  • Производители на опрема
  • Индустрии за производство на: прехранбени производи, пијалоци, козметика, биотехнолошки производи и хемиски материјали
  • Интегратори на процеси и консултанти

Целта на тренингот е да се подигне свесноста за EHEDG и принципите на хигиенскиот дизајн, како и да обезбеди основно разбирање на главните критериуми за хигиенски дизајн.

Напреден EHEDG тренинг за хигиенски дизајн
Дизајнери од техничко инженерство, развој на процеси и обезбедување на квалитет

Овие обуканти мора да имаат доволни познавања на водичите на EHEDG, релевантната машинерија, законите за безбедност на храна и нивната граѓанска и кривична одговорност за да може да обезбедат минимум сообразност со Европските Директиви и стандарди за хигиенски дизајн на опремата за производство на храна и за безбедност на храна. Исто така, обукантите треба да имаат доволно висока свесност за критичната важност на ефективниот хигиенски дизајн кој е од особена важност за: јавното здравје, квалитетот на производите, помалите трошоци и поголемата брзина на производство, како и за влијанието на процесите врз животната средина.

По завршувањето на напредниот EHEDG тренинг за хигиенски дизајн, квалификуваниот обукант ќе може успешно да ја извршува својата улога како одговорен експерт за хигиенски дизајн во тимовите за дизајнирање, конструирање или оперативност кои работат со машини за производство на прехранбени производи.

Управа, маркетинг и продажни менаџери од компании за дизајнирање и механичко инженерство и од компании од прехранбената индустрија

Професионалците кои се занимаваат со продажба и маркетинг мора да поседуваат доволни знаења за хигиенскиот дизајн при што ќе бидат сигурни дека развојот и продажбата на постоечките или новите производи се во сообразност со наведените барања.

Овие обуканти мора да имаат доволни познавања на водичите на EHEDG, релевантната машинерија, законите за безбедност на храна и нивната граѓанска и кривична одговорност за да може да обезбедат минимум сообразност со Европските Директиви и стандарди за хигиенски дизајн на опремата за производство на храна и за безбедност на храна. Исто така, обукантите треба да имаат доволно висока свесност за критичната важност на ефективниот хигиенски дизајн кој е од особена важност за: јавното здравје, квалитетот на производите, помалите трошоци и поголемата брзина на производство, како и за влијанието на процесите врз животната средина. Ова ќе им овозможи да преземаат соодветни буџетски, административни и надзорни акции.

По завршувањето на напредниот EHEDG тренинг за хигиенски дизајн, квалификуваниот обукант ќе биде во состојба успешно да ја извршува својата улога на извршен менаџер или менаџер за маркетинг или продажба во организации што се занимаваат со дизајнирање, инсталирање, одржување или изведување, како и чистење на опремата и системите за производство на прехранбени производи на начин што обезбедува поставување и одржување на хигиенската безбедност.

Оператори, лица за одржување, инсталирање и чистење

По завршувањето на напредниот EHEDG тренинг за хигиенски дизајн, квалификуваниот обукант ќе биде компетентен да работи, да ја одржува, инсталира и чисти опремата за производство на храна на начин што обезбедува хигиенска безбедност.

Овие обуканти мора да имаат доволни познавања на водичите на EHEDG, релевантната машинерија, законите за безбедност на храна и нивната граѓанска и кривична одговорност за да може да обезбедат минимум сообразност со Европските Директиви и стандарди за хигиенски дизајн на опремата за производство на храна и за безбедност на храна. Исто така, обукантите треба да имаат доволно висока свесност за критичната важност на ефективниот хигиенски дизајн кој е од особена важност за: јавното здравје, квалитетот на производите, помалите трошоци и поголемата брзина на производство, како и за влијанието на процесите врз животната средина.

(ЗАБЕЛЕШКА: Оваа група вклучува и: заварувачи, монтери, механичари, специјалисти за информатичка технологија, електричари и техничари кои: одржуваат, модифицираат или конструираат хигиенски системи).

Аудитори, инспектори, тестатори и сертификатори

По завршувањето на напредниот EHEDG тренинг за хигиенски дизајн, квалификуваниот обукант ќе биде компетентен да ја верифицира или тестира сообразноста на хигиенската опрема и придружните системи и документација според Европските Директиви и стандарди, вклучувајќи го EHEDG документот 8.

По завршувањето на тренингот, квалификуваниот обукант ќе има доволни познавања на водичите на EHEDG, релевантната машинерија, законите за безбедност на храна и нивната граѓанска и кривична одговорност за да може да обезбедат минимум сообразност со Европските Директиви и стандарди за хигиенски дизајн на опремата за производство на храна и за безбедност на храна. Исто така, обукантите треба да имаат доволно висока свесност за критичната важност на ефективниот хигиенски дизајн кој е од особена важност за: јавното здравје, квалитетот на производите, помалите трошоци и поголемата брзина на производство, како и за влијанието на процесите врз животната средина.