Тренинг и едукација

Содржина на тренингот

EHEDG обезбедува и претставува стандардна Европска платформа за тренинг и едукација во хигиенското инженерство и дизајн, која е базирана на тренинг модули кои пак претставуваат збир на клучните знаења изложени во водичие и другите публикации на EHEDG.

Меѓународните тренинзи на EHEDG на англиски јазик и националните тренинзи на EHEDG на локални јазици се одржуваат неколку пати во годината и тоа на различни локации во Европа и на другите континенти. Многу препорачливо е овие тренинзи да ги посетат сите нивоа на запослени специфицирани во секцијата Целни групи со што од прва рака ќе се запознаат со знаењата на EHEDG.  Target Groups

Основен EHEDG тренинг за хигиенски дизајн
Цели

Целта на овој тренинг е да создаде свесност и да даде општи познавања за хигиенскиот дизајн на опремата и објектите и тоа особено за индустријата за производство на храна и пијалоци, но исто и за козметичката, фармацевтската, биотехнолошката и хемиската индустрија. Целите на тренингот се да:

  • Создаде свесност за EHEDG како организација, за хигиенскиот дизајн и процесот на сертификација
  • Ги објасни придобивките и важноста на хигиенскиот дизајн
  • Обезбеди генерално разбирање на клучните критериуми за дизајн на опремата и објектите

Минималното траење на основниот EHEDG тренинг за хигиенски дизајн е 5 до 8 часови (без времето за кафе пауза и евентуално ручек). Тренингот може да се се изведува во еден ден или во 2 дена по половина програма. Сите предавачи се авторизирани тренери на EHEDG.

Тренинг модули

Секој тренинг модул се базира на определен EHEDG водич. Секој модул содржи листа на клучни поенти, со што се обезбедува ефективно и униформно споделување на принципите за хигиенски дизајн на EHEDG со сите учесници на тренингот.

Овој тренинг ги опфаќа следниве модули:

  • Запознавање со EHEDG
  • Законски барања
  • Опасности во хигиенското инженерство
  • Критериуми за хигиенски дизајн
  • Материјали за конструирање
  • Чистење и дезинфекција
  • Поставување на објекти и процеси

 

 

Напреден EHEDG тренинг за хигиенски дизајн
Цели

Целта на овој тренинг е да обезбеди знаења и увид во хигиенскиот дизајн на опремата и аспектите на хигиенското инженерство особено за индустријата за производство на храна и пијалоци, но исто и за козметичката, фармацевтската, биотехнолошката и хемиската индустрија. Целите на тренингот се да:

  • •Создаде свесност за EHEDG како организација
  • Ги објасни придобивките и важноста на хигиенскиот дизајн
  • Обезбеди разбирање на клучните критериуми за хигиенски дизајн за опремата и објектите, вклучувајќи детални инженерски концепти
  • Ги пренесе клучните поенти (КП) од сите релевантни водичи на EHEDG и помошните наставни средства на EHEDG како што се тренинг модулите, студиите на случај и видео материјали
  • Тренингот е многу практичен. Теоретските основи за различни прашања се дадени на многу кус и концизен начин, при што овие основи постојано се поврзуваат со практични примери и тоа преку видео, слики или примероци. Пожелно е групите за тренинг да се помали, затоа што така се обезбедува поголема интерактивност.

Минималното траење на напредниот EHEDG тренинг за хигиенски дизајн е 20 часови (3 или 4 дена). Сите предавачи се  авторизирани тренери на EHEDG. Обукантите треба да полагаат испит, при што ако имаат одговорено најмалку 70% од прашањата коректно ќе се здобијат со сертификат за успешно завршување на тренингот. Нивното име и презиме ќе биде објавено на официјалната интернет страница на EHEDG во секцијата на  Сертифицирани обуканти.
 

Тренинг модули

Секој тренинг модул е базиран на соодветен водич на EHEDG, при што некои од нив се спојуваат во една целина при што се создава обемен тренинг материјал за определен фокус. Секој модул содржи листа на клучни поенти, со што се обезбедува ефективно и униформно споделување на принципите за хигиенски дизајн на EHEDG со сите учесници на тренингот. Овој тренинг ги опфаќа следниве модули:

  • Законски барања
  • Опасности во хигиенското производство
  • Критериуми за хигиенски дизајн
  • Материјали за конструирање
  • Заварување на не’рѓосувачки челик
  • Статични заптивки и спојници
  • Вентили
  • Пумпи и хомогенизатори
  • Чистење и дезинфекција
  • Поставување на објекти и процеси
  • Инсталирање, одржување и подмачкувачи
  • Критериуми за хигиенски дизајн на опрема за преработка на суви материјали
  • Верификација на хигиенскиот дизајн, тест методи и сертификација
  • Аспекти на хигиенски дизајн на типични компоненти како: сензори, машини за пакување
  • Процесни аспекти како: реологија, термодинамика, асептични процеси
Студии на случај

Во зависност од целната група, другите вежби на тренингот може да содржат на пример: избор на соодветни материјали (сообразност со законски регулативи итн.) или пак вежба за планирање на објекти (зонирање, проток на песоналот и материјалите итн.). Тренинг модулите на EHEDG се поткрепени со практични студии на случај при што се идентификуваат површините што доаѓаат во контакт со прехранбениот производ, промашувања во хигиенскиот дизајн, како и предлози за подобрување на нацртите за опрема, како на пример: цтрежи на напречни пресеци и/или 3D цртежи на опрема или компоненти (вентили, пумпи, итн.). Студии на случај може да се изведуваат и на физичка опрема што ја поседува тренерот.