Работни Групи - Често поставувани прашања

Како се формира Работна Група?

Поткомитетот за Портфолио на продукти со согласност на Извршниот Одбор определува тим на експерти кој ќе ја извршува работата на EHEDG. Формирањето (а потоа и распуштањето) на Работната Група се одобрува ако за тоа гласа мнозинството на Поткомитетот за Портфолио на продукти.

Кои се одговорностите на Работната Група?

Како што е назначено од Поткомитетот за Портфолио на продукти, работната Група е одговорна за:

  • Развој и одржување на кој било назначен водич, процедура за сертификација или материјал за тренинг на EHEDG во претходно назначена временска рамка и датум
  • Одговарање на прашањата поврзани со документот за кој се одговорни
  • Коментирање на меѓународните стандарди и промовирање на хармонизација
  • Информирање на Поткомитетот за Портфолио на продукти за активностите и напредокот на докуметот кој е во изработка или е на рецензија
  • Давање на препораки на Поткомитетот за Портфолио на продукти за потребата од нови документи или ревизија на постоечки документи
Како се дефинира опсегот на работа на Работната Група?

Опсегот и задачите што се доделуваат на Работната Група се определуваат и одобруваат во моментот на нејзиното формирање, а за секоја промена на опсегот и задачите мора да има одобрување од страна на Поткомитетот за Портфолио на продукти. При определувањето на опсегот на работа на Работната Група, мора јасно да стои дали таа е одговорна за развој на целата содржина на еден или повеќе водичи, сертификациски услуги и тренинг материјали на EHEDG и која е нејзината одговорност за различните гледишта и забелешки.

Кој ги назначува Претседавачот и Ко-претседавачот на Работната Група?

Поткомитетот за Портфолио на продукти назначува Претседавач и Ко-претседавач на работната Група и тоа од редот на членовите на Работната група. Овие позиции се сметаат за постојани со што се одржува козистентност. Како и да е, и за двете позиции не постои фиксиран термин на траење. Од друга страна, ако било кој назначен Претседавач или Ко-претседавач даде оставка или ако постои барање за промена од најмалку три (3) члена на Работната Група, Секретаријатот мора да го извести Поткомитетот за Портфолио на продукти.

Кои се задачите на Претстедавачот на Работната Група?

Претседавачот на Работната Група е одговорен за:

  • Подготвување на агенда и планирање на состаноците неопходни за да се извршува работата на Работната Група
  • Насочување на формулацијата и развојот на документот што е назначен на Работната Група
  • Изготвување на нацрт годишен буџет за наредната година, кој преку Секретаријатот се предава на Благајникот на EHEDG и на Поткомитетот за Портфолио на производи, но не подоцна од 30 ноември
  • Изготвување на нацрт документи на Работната група за гласање и тоа во консултација со Секретаријатот
  • Одржување на соодветни административни записи што се однесуваат на работата на Работната Група
  • Редовно учествување на состаноците на Работната Група и на други EHEDG состаноци/функции ако тоа е неопходно и важно за работата на Работната Група
  • Разгледување и разрешување на сите коментари и негативни гласови што се однесуваат на документите на Работната Група
  • Превземање на улогата на врска и технички советник на Поткомитетот за Портфолио на продукти кога е потребна интерпретација на критериумите на документот
  • Избор и одржување на членството на работната Група со активни членови кои како група ќе бидат баланс на различни интересни групи
  • Подготвување на годишен извештај за Поткомитетот за Портфолио на продукти во кој ќе бидат опишани активностите на Работната Група. Овој извештај мора да се предаде најдоцна до 30 јануари наредната година
Како се номинираат членови на Работна Група?

Работната Група по своето формирање се смета за постојана група. Членството во групата се менува, затоа што во групата се приклучуваат или менуваат членовите. Претседавачот на Работната Група, од редот на членови на EHEDG врши номинирање или дава предлози за замена на членови на Работната Група и тоа со согласност на Поткомитетот за Портфолио на продукти. Исто така, Поткомитетот за Портфоли на продукти може да примени специфични критериуми при избор на членови на Работната Група како што се на пример: дали кандидатот има познавања за специфичниот тип на опрема, на системите или материјалите што се опфатени во EHEDG докуменот(ите), а кои се важни за работната Група

Како можам да аплицирам за активно членство во Работна Група?

Сите експерти што се членови на EHEDG се охрабруваат да испратат на Секретаријатот на EHEDG неформална апликација за активно членство во Работна Група, при што во апликацијата ќе се опишат: типот и степенот на образование, професионална експертиза и мотивација. Секоја апликација на нов експерт оди на одобрување кај Претседавачот на Работната група. По прифаќањето на апликациијата, на експертот ќе му се овозможи пристап до документацијата и соодветните папки на интернет страницата на Работната Група.

Дали има ограничување на бројот на членови на Работната Група и кои се нивните права за гласање?

Бројот на членови во една работна Група не е ограничен и секој член на групата има право на еден глас. Исто така, секој ентитет (на пр.: компанија или огранок на компанија, европска или национална Агенција или Универзитет) има право на само еден (1) глас во Работната Група, освен во случаи кога една личност претставува посебен огранок и производи.

Кои се задачите и одговорностите на членовите на Работната Група?
  • Редовно да учествува на состаноците на Работната Група
  • Активно да учетвува во рутинското функционирање на Работната Група, како што е на пример давање на коментари и придонес во помирување на различни ставови при разгледување на кој било документ
  • Да одговара на сите типови на кореспонденција и да гласа во зададениот рок
  • Секој член на работната Група може да биде отстранет од работната група ако:
  • Не присуствува на два последователни состаноци на Работната Група
  • Не одговори при две последователни гласања или
  • Не одговара на кореспонденцијата со Претседавачот на Работната Група
Како можам да аплицирам за кореспондентен член на Работната група?

Како минимум, на секој заинтересиран за активностите на Работната Група му се доделува кореспондентно членство. Кореспондентните членови се покануваат активно да учествуваат во сите активности на Работната Група и се охрабруваат да даваат коментари на сите документи. Кореспондентните членови немаат право на глас, но како и да е, работната Група мора да ги разгледа нивните коментари